Тренерот на Барселона, Жоан Пењароја беше задоволен од триумфот на неговиот тим на тешкото гостување во Белград во ситуација кога Црвена Звезда имаше перфектен старт на сезоната.
Барса неколку пати беше на работ на бездната, но успеа да се врати и на крајот, предводен од фантастичниот Кевин Пантер да дојде до важниот триумф со кој се израмни со денешниот ривал.
„Задоволство е да се игра во Белград во ваква атмосфера. На крајот победивме иако долго време имавме проблеми со нивните тројки. Среќен сум поради сите играчи, но особено поради Кевин Пантер и Јан Весели, поранешните кошаркари на Партизан“, рече, меѓу другото, Пењароја.
Пантер и Весели очигледно беа екстра мотивирани на овој натпревар бидејќи заедно постигнаа речиси половина од поените на Барселона. Пантер беше најефикасен со 26, а Весели веднаш зад него со 19 поени.


