Веќе две недели екипата на Работнички се подготвува за новата сезона, а претстојните денови се очекува составот да се комплетира бидејќи треба да пристигнат странските засилувања.
Вечерва во Скопје пристигна американскиот интернационалец Весли Персон кој е еден од оние од кои најмногу се очекува претстојната сезона. Искусниот бек доаѓа од Финска каде настапуваше минатата сезона, а претходно играше и во Унгарија, Велика Британија и Италија.
Работнички донесе осум засилувања во пресрет на новата сезона, но има повеќе од еден месец да ги вклопи во една целина и да се обиде да ја запре доминацијата на МЗТ Скопје која трае веќе 12 години.


