За многумина беше изненадување тоа што Никола Јокиќ ја преседе цела последна четвртина од дуелот против Порторико и покрај тоа што му недостасуваше само една една асистенција за историски трипл дабл.
Центарот на Денвер играше одлично, но на теренот помина само 23 минути. Селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ по мечот се правдаше дека не бил свесен за историскиот момент.
„Не знаев ништо што се однесува до Јокиќ. Одиме понатаму“, кратко изјави искусниот стручњак откако направи детална анализа на мечот со Порторико.
Без разлика на се, Србија оствари убедлива победа и против Јужен Судан во последното коло ќе се бори за второто место во групата.


