Селекторот на српската репрезентација Светислав Пешиќ ги одреди конечните 12 кошаркари кои ќе настапат на претстојните Олимписки игри во Париз.
На вчерашниот дуел против Грција, во записникот беа 16 играчи, па мораше четворица да отпаднат, а изборот падна на Алекса Раданов, Огњен Јарамаз, Душан Ристиќ и НБА кошаркарот Алексеј Покушевски кој не успеа да го убеди Пешиќ во своите квалитети. Интересно е тоа што во Париз ќе патуваат Дејан Давидовац и Никола Јовиќ кои не ги одработијата комплетните подготовки поради повреди.
На Олимписките игри, Србија се наоѓа во групата Ц со репрезентациите на САД, Јужен Судан и Порторико. Првиот меч го игра в недела од 17:15 часот против САД.


