Последните четири кола од основниот дел на сезоната во Првата лига одлучуваат која ќе биде осмата екипа во плејофот и кои четири ќе се борат за опстанок преку плејаутот.
Пет тима во моментов се во борба за спас, од осмопласираниот Гостивар до последниот Вардар, а сите се на два бода разлика. На хартија, најповолен распоред до крајот има токму Гостивар кој на домашен терен ги пречекува Вардар и Кожув, а гостувар кај Академија ФМП и со две победи, сигурно ќе го освои осмото место.

Најтешко ќе му биде на Вардар кој освен тоа што е последен, гостува кај Гостивар и потоа се среќава со фаворитите за висок пласман: Пелистер, МЗТ Скопје и Еуро Никел. „Црвено-црните“ значајно се засилија последниот период, но пред нив е речиси невозможна мисија да дојдат до осмата позиција и многу поверојатно е опстанокот да го бркаат преку шесте кола во плејаутот. Тешка задача има и Охрид кој не се среќава со ниден ривал во борбата за опстанок, а игра против тимови кои се борат за висок пласман.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ГОСТИВАР
- коло Гостивар – Вардар
- коло Академија ФМП – Гостивар
- коло Гостивар – Кожув
- коло Работнички – Гостивар
КОЖУВ
- коло Кожув – Академија ФМП
- коло Работнички – Кожув
- коло Феникс – Работнички
- коло Кожув – Пелистер
ОХРИД
- коло Охрид – Работнички
- коло Феникс – Охрид
- коло Охрид – ТФТ
- коло Чаир – Охрид
АКАДЕМИЈА ФМП
- коло Кожув – Академија ФМП
- коло Академија ФМП – Гостивар
- коло Пелистер – Академија ФМП
- коло Академија ФМП – МЗТ Скопје
ВАРДАР
- коло Гостивар – Вардар
- коло Вардар – Пелистер
- коло МЗТ Скопје – Вардар
- коло Вардар – Еуро Никел


