Три дена по елиминацијата од АБА 2 лигата, македонскиот првак МЗТ Скопје се враќа на домашните обврски каде главна цел е одбрана на титулата.
Вечерва од 19 часот во „Јане Сандански“ на програмата е вториот меч од серијата со ТФТ во која МЗТ веќе води со 1-0. Еден од најмладите во тимот, Марин Петков очекува жестока борба, но и победа која неговиот тим ќе го доближи до пласманот во големото финале.
„Нѐ очекува уште еден натпревар со ТФТ, тим што е квалитетен и незгоден, а што го покажа и во сите претходни меѓусебни дуели сезонава. Свесни сме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Подготвени сме да одиграме агресивно и на највисоко енергетско ниво, бидејќи само така ќе може да дојдеме до целта. Ќе сториме сѐ за да дојдеме до победата и уште повеќе да се доближиме до финалето.“, изјави Петков.
Првиот меч МЗТ Скопје го доби исклучително тешко, но традицијата е на негова страна бидејќи се уште нема пораз од ТФТ на домашен терен.


