Дисциплинската комисија на НБА донесе одлука со која суспендира петмина кошаркари поради масовната тепачка која се случи на неделниот натпревар меѓу Минесота и Детроит.
До тепачката дојде во втората четвртина, а притоа исклучени беа вкупно пет играчи од двете екипи, како и тренерот на Пистонс, Џеј Би Бикерстаф и асистентот во Тимбервулфс, Пабло Приџони. Најлошо помина кошаркарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт кој е казнет со два меча неиграње, додека по еден натпревар ќе пропуштат неговите соиграчи Рон Холанд и Маркус Сасер, како и двајцата играчи на Минесота, Наз Рид и Донте Дивиченцо.
Во образложението на одлуката се вели дека Стјуарт добил суспензија од два натпревара затоа што го повторил делото.


