На крилјата на триумфот против актуелниот шампион МЗТ Скопје, Пелистер утре гостува кај Подгорица во второто коло од АБА 2 лигата.
Битолскиот тим триумфираше во првиот меч од регионалното натпреварување против Широки на домашен терен, но сега го очекува многи потешка задача, во дуелот со полуфиналистот од минатата сезона. Подгорица минатата недела направи тренерска смена, а ќе се обиде да дојде до првиот триумф во АБА 2 бидејќи пред две недели загуби пред своите навивачи од Џокер.
“Одиме во Црна Гора да се надигруваме. Противникот смени тренер, дојде селекторот на Црна Гора и очекувам поинакво издание во периодот кој следи. Ние имаме проблеми со повредата на Бојиќ на натпреварот со МЗТ Скопје, но очекувам добро да ја презентираме македонската кошарка, па нека победи подобриот“, рече тренерот на Пелистер, Александар Петровиќ.
Двата преостанати македонски претставника во АБА 2 претрпеа порази во второто коло, Работнички од Војводина, а МЗТ Скопје од Цедевита Јуниор, па Пелистер ќе се обиде да ја спаси честа на нашата кошарка.


