Тренерот на Пелистер, Александар Петровиќ е разочаран поради поразот на неговиот тим од Подгорица во второто коло од АБА 2, особено поради начинот на кој е доживеан.
Вицешампионот на Македонија беше конкурентен 33 минути, најголем дел од тој период беше во предност, а потоа беше катастрофален во финишот, дозволи серија од 22-1 на противникот и мораше да се помири со поразот.
„Навистина неверојатен пресврт во последните 3-4 минути. Не извади од ритам четвртиот фаул на Едвардс, морав да направам замена, а потоа несвојствено загубивме пет топки и на крајот буквално им ги дадовме в раце за да постигнат лесни поени. Резултатот не е реален бидејќи 30 минути функциониравме без грешки, но тоа е кошарката“, рече Петровиќ.
Пелистер сега има биланс 1/1, а во третото коло, на 30 октомври на домашен терен го пречекува дебитантот во АБА 2, Џокер.


