Многу работи тргнаа против српската репрезентација на дуелот против Португалија и покрај тоа што не се почувствуваа во конечниот исход.
Се почна со исклучувањето на Филип Петрушев на почетокот од петтата минута затоа што со бокс удри во стомак противнички играч. Судиите ја прегледаа снимката и заклучија дека имало намера кај него поради што го испратија во соблекувална. Не е исклучено Петрушев да биде суспендиран за својот потег и да го пропушти следниот меч на Европското првенство.
Petrušev mozga bez pic.twitter.com/qXnufyCzGz
— Dečko opasnih namera (@papadubi___) August 29, 2025
Нешто подоцна Србите останаа и без Богдан Богдановиќ кој ја повреди задната ложа и не заигра до крајот.


