Филаделфија денеска официјално го претстави Леброн Џејмс како свое најголемо засилување за новата сезона, ставајќи крај на сите шпекулации околу неговата иднина.
Четирикратниот НБА шампион и еден од најдобрите кошаркари во историјата ќе ја започне својата 24. сезона во најсилната лига на светот во дресот на Сиксерс, каде што ќе формира моќен тим заедно со Жоел Ембид, Тајрис Макси и Џејлен Браун.
Леброн потпиша двегодишен договор со опција за втората сезона, а самиот истакна дека парите не биле пресудни за неговата одлука. Наместо тоа, неговата главна цел е уште еднаш да се бори за шампионскиот прстен и на најдобар можен начин да ја заокружи својата легендарна кариера.
— Philadelphia 76ers (@sixers) July 27, 2026
При претставувањето, Филаделфија објави и кој број ќе го носи Леброн. Како и во поголемиот дел од неговата кариера, тој ќе игра со 23-ката со која почна во Кливленд и која подоцна ја носеше и во Лејкерс.


