Лос Анџелес Лејкерс претрпе тежок пораз во првиот натпревар од предсезоната на НБА.
Подобри од славниот тим од градот на ангелите беа кошаркарите на Феникс Санс, кои победија со 103-81, предводени од Девин Букер. Првите ѕвезди Лука Дончиќ и Леброн Џејмс не играа за Лејкерс на овој натпревар, а очигледно е дека Лос Анџелес е само просечен тим без нив.
Натпреварот практично беше решен по првата четвртина, која Финикс ја доби со резултат 31:16. Гореспоменатиот Букер блескаше со 25 поени, два скока и седум асистенции за нешто повеќе од 25 минути на теренот. Најдобар кај Лејкерс беше Остин Ривс со 20 поени, а го следеше Дејвис со 14.


