Легендарниот американски кошаркар Скоти Пипен е специјален гостин на завршниот турнир од Евролигата и неговото присуство предизвика еуфорија во Берлин.
Бројни телевизиски екипи се обидоа да земат изјава од него, а тој изненади со едно свое признание, дадено јавно.
„Имав малку слободно време и тука сум со моите пријатели од Австралиската кошаркарска лига. Се обидуваме да најдеме некој талент, тие ми кажаа дека европската кошарка е одлична. Искрено да ви кажам, не знам ништо за Европа, не знам кои се четирите екипи кои играат на овој турнир. Слушнав дека Реал е силен тим, но навистина не сум го гледал“, призна Пипен.
Тој е сместен во првите редови на гледалиштето во Убер арената во Берлин, а веднаш до него е Јанис Адетокунбо кој дојде да му даде поддршка на својот брат Костас кој е член на Панатинаикос.


