Поранешниот европски првак Партизан го прекина 11-годишниог пост и вечерва официјално стана шампион на Србија, деветти пат по осамостојувањето на оваа држава.
Во финалната серија, „црно-белите“ го совладаа Спартак со 2-0, а втората победа ја остварија вечерва во Суботица каде славеа со 93-79. Со тоа комплетираа двојна круна бидејќи претходно триумфираа и во АБА лигата каде во финалето беа подобри од Будуќност со 3-1.
Натпреварот беше решен во второто полувреме кое Партизан го доби со 48-35. Апсолутно прва ѕвезда на мечот беше Двејн Вашингтон кој постигна 41 поен и заслужено беше прогласен и за најдобар стрелец и за МВП на финалето.
Последната титула Партизан ја освои во 2014 година, оттогаш доминираше Црвена Звезда која освои девет трофеи во серија (во 2020 година немаше шампион поради ковид пандемијата), но оваа сезона не стигна ни до финалето откако во претходната фаза доживеа елиминација од Спартак.


