Поранешниот репрезентативец Фредерик Фоту е назначен за нов селектор на францускиот национален кошаркарски тим.
На оваа позиција, тој доаѓа како наследник на Венсан Коле кој 15 години ја извршуваше функцијата и си замина како најуспешен селектор во историјата на „триколорите“, со една европска титула и две олимписки сребра. Фоту доби четиригодишен договор, до Олимписките игри во Лос Анџелес, а прва задача ќе му бидат квалификациите за Европското првенство, веќе во ноември.
Тој во моментов е и тренер на Бурж со кого минатата сезона стигна до финалето на Еврокупот. Неодамна го продолжи договорот со клубот со клаузула која му овозможува да го напушти Бурж во 2025 година во случај да добие понуда од евролигаш. Пред да го преземе Бурж, Фоту беше асистент во Асвел во периодот од 2020 до 2025 година.


