Една деценија откако беше избран како 13. пик на драфтот и заигра во НБА лигата, Девин Букер стана најдобар стрелец во историјата на Феникс Санс.
Во поразот од Портланс со 119-121, тој учествуваше со 34 поени, а со нив го помина досегашниот рекордер Волтер Дејвис. Во 1988 година, тој си замина од Санс со 15.666 поени, а со синоќешниот ефект, Букер има два повеќе, но со 124 натпревар помалку.
Со оглед на тоа што има само 28 години, нема сомнение дека Букер ако остане во Феникс ќе постави бројки кои тешко ќе бидат надминати во блиска иднина.


