Поранешниот шампион на Македонија, Еуро Никел ја прекина серијата од три порази и оствари исклучително важна победа во дуелот со Феникс.
Кавадарчани славеа со 84-68 за прв прволигашки триумф по 26 јануари кога по продолжение го совлада Пелистер во Битола. Победата е мошне значајна во борбата за третата позиција на табелата на која Еуро Никел ќе се врати по 19. коло.

Првото полувреме мина во израмнета игра со тоа што многу често во предност беше Феникс иакко највисокото водство на скопскиот тим изнесваше три разлика. Во финишот од вториот период, Еуро Никел се одлепи на 42-35, но во третата четвртина домаќините првпат отидоа на двоцифрена разлика. Феникс некако успеа да го амортизира тој удар, но во последните 10 минути кавадарчани веќе отидоа на +18 (84-68) и го скрши отпорот на противничкиот тим.
Смит Меквен со 22 поена беше најефикасен кај Еуро Никел, но се истакна и ветеранот Дарко Соколов со 19 поени и 8 скока. Метјус го предводеше Феникс со 19 поени.


