Екипата на Атланта Хоукс победи на вечерашната лотарија и доби можност да го бира првиот пик на претстојниот драфт.
Тимот од Џорџија имаше само 3% шанси да го добие првиот пик имајќи предвид дека учествуваше во плејинот и го освои десеттото место во Источната конференција по основниот дел од сезоната. Најмногу шанси имаше Детроит Пистонс кој беше најслаб тим во лигата, а пред него Вашингтон Визардс. Токму Вашингтон ќе бира втор, Хјустон трет, Сан Антонио четврти, Детроит петти итн.

Ова ќе биде првпат по речиси половина век, Атланта Хоукс да го бира првиот пик на драфтот. Последниот и единствен таков случај беше во 1975 година кога Хоукс го избраа Дејвид Томпсон, играч кој потоа воопшто не го облече дресот на овој тим. Веднаш беше трејдуван во Денвер каде помина седум сезони и потоа уште две во Сиетл.


