Страстите во српската кошарка се смирија откако Партизан и раководството на Кошаркарската лига на Србија (КЛС) договорија „црно-белите“ повторно да учествуваат во ова натпреварување.
Претходните две сезони, Партизан не играше во домашното првенство, прво затоа што Црвена Звезда беше привилегирана, а потоа бидејќи задоцни со пријавата,
„Претседателството помина во добра атмосфера. Она што е вредно за спомнување е дека претседателот на Партизан изнесе став дека неговиот клуб ќе игра во Суперлигата. Црвена Звезда и Партизан се повластени и ќе играат од полуфинале. Двете финални фази ќе се играат до две победи, а почнува по завршувањето на АБА лигата. Целта е сезоната да финишира на 7 или 8 јуни за селекторот на Србија да има доволно време за подготовки за Олиписките игри“, изјави првиот човек на КЛС, Александар Грујин.
Во српското првенство ќе учествуваат пет клуба од АБА лигата и најдобрите пет екипи од лигашкиот дел.


