Лос Анџелес беше сведок на историски судир меѓу двајца големи пријатели – Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, кој заврши на спектакуларен начин.
Словенечкиот ас постигна кош во последната секунда за да им донесе победа на Лос Анџелес Лејкерс од 127-125 по продолжение над Денвер Нагетс. Двајцата кошаркари го завршија натпреварот со трипл-дабл!
Никола Јокиќ постигна импресивни 24 поени, 16 скока, 14 асистенции и шест украдени топки. Од друга страна, Лука Дончиќ го предводеше својот тим со 30 поени, 11 скока и 13 асистенции, а на теренот помина една секунда повеќе од својот голем пријател од противничкиот табор.
Драмата го достигна својот врв на крајот од регуларниот период. На 32 секунди до крајот, Јокиќ и покрај тоа што постигна дуплирање и беше на работ да ја изгуби топката, успеа да го пронајде Тим Хардавеј Џуниор, кој погоди тројка и му донесе водство на Денвер. Се чинеше како пресвртница, но… Лејкерси не се откажаа. Откако српскиот центар му ја украде топката на Остин Ривс, Ерон Гордон промаши едно од двете слободни фрлања, давајќи му шанса на противникот. Ривс стана херој, погодувајќи еден шут, намерно го промаши другиот, а потоа оствари офанзивен скок и постигна кош за продолжение, на четири секунди пред крајот.
Дополнителните пет минути беа динамични и полни со нерви од двете страни до последната минута. Гордон погоди клучна тројка за водство на Денвер, но Маркус Смарт веднаш одговори со иста мера и ги врати Лејкерси на водство од два поени. Потоа Лука Дончиќ ја презеде работата. На половина секунда пред крајот, словенечкиот ас погоди неверојатен кош од исклучително тешка позиција и ми донесе победа на Лејкерси.
Во Денвер, покрај Јокиќ, се истакна и Гордон со 27 поени, додека Тим Хардавеј додаде 20. За Лејкерси, заедно со Дончиќ, најдобар беше Остин Ривс со 32 поени, Маркус Смарт постигна 21, а Леброн Џејмс постигна 17 поени. Лејкерс се зацврстија на четвртото место во Западната конференција, сега со една победа повеќе од петтопласираниот Денвер.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Бруклин 104-97
Атланта – Милвоки 122-99
Сан Антонио – Шарлот 115-102
Бостон – Вашингтон 111-100
Мајами – Орландо 117-121
ЛА Лејкерс – Денвер 127-125
ЛА Клиперс – Сакраменто 109-118


