Поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш продолжува со екипирањето на составот во пресрет на новата сезона.
Пред два дена, клубот ги договори Марјан Младеновиќ, Стеван Глигоријевиќ и Габриел Коскоски, а денеска во Кавадарци треба да пристигнат и првите три странски засилувања, сите Американци. Нови играчи на Тиквеш ќе бидат плејмејкерот Мајк Грин кој доаѓа од Универзитетот Џејмс Медисон, Ајзак Џонсон кој ги покрива позициите 2 и 3, а доаѓа од Роџерс Стејт Универзитетот и крилниот центар Том Куори од Универзтиетот Џон Хопкинс.
Кавадаречкиот прволигаш во понеделникот ги почна подготовките за новата сезона во некомплетен состав. Денеска треба да се приклучат странците и Младеновиќ и Коскоски, а најдоцна до понеделник, екипата ќе биде во полн состав.


