Најдобриот стрелец во историјата на Црвена Звезда и поранешен југословенски репрезентативец Драган Капичиќ почина денеска на 75-годишна возраст.
Во својата играчка кариера, 12 години помина во редовите на Звезда со која освои по две титули во југословенското првенство и две во Купот на Југославија, како и една во тогашниот Куп на победниците на куповите, а уште четири сезони играше за Сатурн Келн, Многу поголеми успеси имаше со југословенската репрезентација со која освои злато на Мундијалот во 1970 година и на Еуробаскетот во 1975 и уште три сребрени медали на големите натпреварувања.
Од 2007 до 2011 година, Капичиќ беше претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, а во повеќе мандати беше директор на Црвена Звезда и член на Собранието на овој клуб.


