Еден од најпознатите навивачи на МЗТ Скопје, Марјан Михајловски почина денеска на 53-годишна возраст.
Последните десетина години, популарниот Мац беше вработен во Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, но претходно, повеќе од три децении беше поврзан со тимот од Аеродром кој и беше негова најголема љубов.
„Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов. Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда“, напиша, меѓу другото, МЗТ Скопје.
Поради својата љубов и лојалност кон МЗТ Скопје, Михајловски беше исклучително почитуван од сите навивачки групи во земјава, дури и од најлутите ривали Сити Парк Бојс. Покрај тоа што беше тесно поврзан со МЗТ, Михајловски своевремено беше и активен кошаркар, во екипите на Липашпед и Алумина, клубови кои веќе не постојат.


