По долго и тешко боледување, денеска почина поранешниот српски кошаркар Ивица Мавренски, објави неговиот некогашен клуб Црвена Звезда.
Мавренски почина на 58-годишна возраст, професионален кошаркар беше 16 години, а во својата кариера играше за неколку српски клубови, потоа Ибон од Никшиќ и ЗТЕ од Унгарија. На македонската спортска јавност ѝ е најпознат по деновите поминати во МЗТ Скопје чиј дрес го носеше краток период во 1998 година по што замина во босанската Грачаница. Најславните денови ги помина во Звезда со која беше шампион на СР Југославија во 1994 година. Како активен кошаркар ја претставуваше и Југославија, но во младинските репрезентации со кои освои злато на Европското кадетско првенство во 1983 и бронза на јуниорското првенство 1983 година.
Подоцна беше и тренер, ги водеше Војводина, Визура и Железничар Инџија, а работеше и во Чешка и Унгарија.


