Американскиот интернационалец Зек Ледеј вечерва објави дека починал неговиот татко поради кого замина за САД по завчерашниот натпревар против Барселона во Евролигата.
Веста ја објави кошаркарот, преку социјалните мрежи, за време на дуелот меѓу Партизан и ФМП во рамките на АБА.

„Те сакам, тато, нема повеќе болка и страдање“, напиша американскиот кошаркар кој ја игра третата сезона во Партизан.
Пред „црно-белите“ е тешка недела во која ги очекуваат дуели со Басконија и Реал Мадрид на кои е нејасно дали ќе настапи Ледеј.


