Повремениот српски репрезентативец Огњен Јарамаз ќе го напушти Партизан и идната сезона нема да биде дел од овој тим.
Претходно, неколку играчи си заминаа од Партизан поради квотата за странски кошаркари во КЛС, но освен Камински, за другите постои можност да се вратат. Јарамаз имаше договор и за идната сезона, но тој е спогодбено раскинат и искусниот бек, како што тврди рускиот Спорт експрес, ќе ја продолжи кариерата во ЦСКА.
Минатото лето Јарамаз беше најавен како големо засилување за Партизан, но не одигра ништо од тоа што се очекуваше од него. Неговиот ефект во Евролигата е најдобар показател за тоа бидејќи просечно постигнуваше по 3,2 поена и 1,5 асистенции за во вториот дел од сезоната да го загуби местото во тимот.
Многу веројатно Партизан ќе се откаже и од Бруно Кабокло кој минатата недела самоволно го напушти Белград, а останува неизвесна судбината на Нанели и Доузер, како и некои од домашните кошаркари за кои има понуди од други клубови.


