Точно една недела по трејдот што ја стресе НБА, во Далас Маверикс веројатно дознаа каква грешка направиле.
Го испратија Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс затоа што е „дебел“ и лесно се повредува, а го донесоа Ентони Дејвис во надеж дека со него ќе добијат стабилност. Седум денецна подоцна, Дончиќ се подготвува за дебито во новиот тим, а Дејвис разбра дека ќе отсуствува „неколку недели“, како што пишува во официјалната објава од Мавс, поради повреда на адукторот.
Оваа пауза може да биде многу подолга, можеби и до крајот на основниот дел од сезоната, ако се утврди дека е потребна операција за што ќе се разговара во следниот период.
Логично, Дејвис ќе го пропушти и претстојниот Ол стар натпревар каде што требаше да биде во тимот предводен од Шекил Онил, а во кој се уште Џејлен Браун, Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејмс Харден, Леброн Џејмс, Дејмијан Лилард и Џејсон Тејтум. Крилниот центар се повреди на дебито за Далас, во саботата, против Хјустон, на мечот кој го одбележа со 26 поени, 16 скока и 7 асистенции.


