Ако и постоеја дилеми, повеќе ги нема – Лука Дончиќ вечерва ќе ја почне новата епизода во својата кариера, а Лос Анџелес Лејкерс новата ера во историјата.
Еден од најдобрите светски кошаркари ја санира својата повреда и рано изутрина ќе дебитира во дресот на Лејкерс. Вториот најтрофеен тим во НБА на домашен терен игра против Јута Џез, а заедно првпат ќе заиграат Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Во Крипто арената се е подготвено, на столчињата на гледачите веќе се наместени и маички со бројот 77 кој во иднина ќе го носи Дончиќ.


