Поранешниот американски кошаркар Родни Роџерс почина денеска, соопштија медиумите во САД.
Имаше 54 години и беше парализиран од 2008 година како последици од сообраќајна несреќа, а почина во својот дом опкружен со членовите на семејството. Роџерс имаше долга и богата играчка кариера. Студираше во Вејк Форест каде што беше најдобар дебитант во НЦАА и ја освои наградата пред идниот член на Куќата на славните, Грент Хил.
Во НБА играше за Денвер Нагетс, Лос Анџелес Клиперс, Финикс Санс, Бостон Селтикс, Њу Џерси Нетс, Њу Орлеанс Хорнетс и Филаделфија 76. Додека го носеше дресот на Финикс во 2000 година, беше прогласен за најдобар шести играч во сезоната. Малкумина знаат дека тој беше дел од тимот на НЦАА кој го победи Дрим тимот во 1992 година пред Олимписките игри во Барселона, во меч што се играше во тајност.
Во 1994 година, Роџерс играјќи за Денвер Нагетс испиша историја погодувајќи три тројки за девет секунди.


