На 73-годишна возраст, почина една од вистинските великани и кошаркарски икони Улјана Семјонова, поранешна репрезентативка на СССР.
Поради нејзината доминантна висина и големина, како и фактот што ги комбинираше овие атрибути со толку многу вештина и држење, од неа направи незапирлива машина во советската репрезентација која долго време доминираше со европската и светската кошарка. Со висина од 213 сантиметри, летонската кошаркарска оствари бројки кои веројатно никогаш нема да бидат достигнати, а сето тоа резултираше со нејзин влез во Куќата на славните на ФИБА во 2007 година. Таа беше и првата жена која не е од Америка што беше запишана во Куќата на славните на кошарката во САД.
Наследството на Семјонова е веројатно неспоредливо и веројатно нема некогаш да се повтори. Всушност, таа е позната како најтрофејна во историјата на женската кошарка. Играше 18 години за СССР, меѓу 1968 и 1986 година, без да доживее ниеден пораз. Нејзината репрезентативна кариера беше навистина неверојатна. Блескајќи на глобалната сцена, Семјонова освои златни олимписки медали на Игрите во Монтреал во 1976 и Москва во 1980 година. Освен тоа, освои три титули на Светските првенства во 1971, 1975 и 1983 година.
Најголемите успеси, сепак ги оствари на континенталните натпреварувања. Со репрезентацијата на СССР освои десет титули од 1968 до 1985 година со што е најуспешна кошаркарка во историјата, пред своите колешки Олга Сухарнова со девет и Олесија Барел, Олка Бурјакина, Надежда Олхова, Татјана Овелкина и Галина Савицкаја со по шест. За репрезентацијата на СССР одигра 100 натпревари и постигна 1.614 поени. Како резултат на сето тоа, Семјонова беше прогласена за најпопуларна спортистка во Летонија, 12 пати помеѓу 1970 и 1985 година – исто така добивајќи ја наградата за животен придонес во спортот во 2007 година на доделувањето на наградите за спортска личност на годината во Латвија.
На клупско ниво, таа беше подеднакво успешна, крунисувајќи се 11 пати како европски шампион со Рига, како и со трофеј од Купот „Лилијана Ронкети“ и 15 титули во првенството на СССР.
Семјонова долго време беше највисока кошаркарка во историјата, се појавувањето на Жанг Зију од Кина која е висока 220 сантиметри.


