Кошаркарската федерација на Македонија, како организатор на натпреварот: Македонија-Луксембург, ги пушти во продажба билетите за овој дуел
Од денеска, сите заинтересирани љубители на кошарката ќе можат да си обезбедат влезен билет, преку онлајн сервисот на „МКТикетс“. Еден влезен билет за овој натпревар, чини 150 денари за делот од салата, односно трибината зад кошевите во салата Градски парк, а 200 денари чини билетот за централната трибина во комплетно реновираниот спортски објект во Скопје.
Натпреварот Македонија-Луксембург се игра на 27 февруари (петок), со почеток од 18 часот.


