Поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер официјално ја почна новата ерата во своето постоење.
Клубот одржа редовно годишно собрание на кое за нов претседател е назначен Бојан Давков, потврден е спортскиот директор Предраг Созовски, а избран е и тренер кој ќе ја води екипата во новата сезона. На клупата на Пелистер ќе седи Тане Спасев, македонски стручњак со големо меѓународно искуство, како работа во САД, Турција, Полска, Русија, Романија итн.
Спасев потпиша договор на една сезона, а ќе биде официјално претставен на стартот на подготовките за новата натпреварувачка кампања.


