Повремениот српски репрезентативец Алексеј Покушевски од сезонава е член на Партизан каде се обидува да ја крене својата форма и да покаже дека местото му е во НБА.
На почетокот нема голема минутажа во Евролигата и синоќа против Макаби помина најмногу време на теренот, но само поради тоа што другите играчи на неговата позиција влегоа во проблеми со лични грешки. Без разлика на тоа, Покушевски имаше добар придонес во победата, особено поради играта во одбрана каде се истакна во повеќе наврати.
Младиот кошаркар го заврши мечот со два поени и три блокади, па сега во Евролигата има повеќе „банани“, отколку постигнати поени што е една исклучително интересна и несекојдневна ситуација. На досегашните три натпревари постигна само три поени, но затоа подели четири блокади што го прави адут во одбраната на Партизан.


