Италијанскиот кошаркар Акиле Полонара сподели емотивна порака на социјалните мрежи со која го објави своето пензионирање.
Неговата приказна беше инспиративна со години, додека се бореше со леукемија и рак на тестиси. Ги доби тие најважни и најтешки битки во животот, но потоа одлучи дека е време да ја заврши својата кошаркарска кариера.
„Ви благодарам на тренерите, им благодарам на моите соиграчи, како и на медицинскиот персонал на секој тим во кој бев, што ме натераа да се чувствувам како ДОБАР играч, но пред сè, како ЧОВЕК… Ви благодарам и на оние што ме навредуваа на социјалните мрежи и во теретаните – вие бевте мојата сила!
Сакам овој момент никогаш да не дојдеше. Се обидов, продолжив со индивидуални тренинзи, но сфаќам дека е време да се збогувам со играњето кошарка, бидејќи повеќе нема да бидам играчот што бев и сакам да ме паметите за тоа кој бев.
Ќе ми недостигаш, кошарко“, напиша Акиле Полонара на Инстаграм.
Италијанскиот кошаркар во својата кариера настапуваше за Терамо, Варезе, Реџана, Динамо Сасари, Басконија, Фенербахче, Анадолу Ефес, Жалгирис, Виртус и повторно Динамо Сасари.


