Македонската репрезентација има одлична предност по 20 минути игра од натпреварот против Естонија, на стартот од квалификациите за Европското првенство.
Нашите кошаркари водат со 43-36, а највисоката разлика изнесуваше девет поени. Водството се должи на одличната игра на триото Димитријевиќ-Хап-Ѓуроски кое заедно постигна 36 поени, колку цела естонска репрезентација.
Диригент е Димитријевиќ со 16 поени, Ѓуроски погоди две тројки во важни моменти, но засега клучен фактор е натурализираниот Итан Хап кој постигна 12 поени и 5 скока и има +/- од +16 што значи дека македонската репрезентација доминирала кога тој бил во игра. Сепак, честитки заслужуваат сите кои се појавија на теренот, пред се Војдан Стојановски кој иако е повреден, има голем ефект врз играта на нашиот национален тим.


