Екипата на Бадел ја освои шампионската титула за кошаркарки до 12-годишна возраст откако триумфираа на завршниот турнир што викендов се одржа во Кисела Вода.
Во финалето, „баделки“ го совладаа тимот на Петровски од Битола со 39-37, а победникот беше одлучен со слободните фрлања на Матеска во последните секунди. Матеска на крајот беше прогласена и за МВП на завршниот турнир.
Бронзениот медал го освои екипата на Вардар кој во „малото финале“ беше подобар од Струга со 44-26.


