Довчерашниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович првпат се појави во јавноста откако во ноември минатата година доживеа мозочен удар.
Несреќата придонесе тој да не се врати на клупата на тимот од Тексас, а минатата недела беше објавено дека ја завршува тренерската кариера. Франшизата го постави за претседател на кошаркарски операции и денеска официјално беше претставен на новата функција.
"I'm no longer Coach, I'm El Jefe." 🤣😅
Gregg Popovich is embracing his next chapter as Spurs president of basketball operations.
(via @spurs) pic.twitter.com/lJStEpaflg
— Yahoo Sports (@YahooSports) May 5, 2025
На прес-конференцијата, Попович дојде во друштво на легендите на Спарс, Тим Данкан и Емануел Џинобили, евидентно беше дека тешко се движи, па тие двајца му помогнаа да ја соблече јакната. Сепак, јасно е дека и покрај здравствените проблеми, најуспешниот тренер во историјата на НБА не ја загубил смислата за хумор и на пресот дојде со маичка на која пишува El Jefe (шеф), обраќајќи му се притоа на својот наследник Мич Џонсон.
„Драг Мич, од денеска јас повеќе не сум тренер. Јас сум шеф“, порача Попович.
Тој беше тренер на Сан Антонио Спарс 29 години и притоа освои пет шампионски титули и оствари вкупно 1.422 победи со што е рекордер во НБА.


