Сосема неочекувано, српскиот интернационалец Марко Луковиќ одлучи да стави крај на својата играчка кариера иако во мај наполни 33 години.
Една сезона од својата кариера (2015/16), тој помина во дресот на МЗТ Скопје со кој ја освои двојната круна во македонската кошарка, пред да се пресели во Крка. Во натамошниот дел од кариерата играше и во Шпанија, Франција, Хрватска, Грција, а последен тим му беше шпанскиот тим Менорка.

Иако ја завршува играчката кариера, Марко Луковиќ нема да се одвои од кошарката бидејќи во иднина ќе работи во Кошаркарскиот клуб Мега, на позицијата асистент на генералниот менаџер.
Неговиот брат Урош Луковиќ и натаму е активен иако има 37 години и претстојната сезона повторно ќе го носи дресот на МКК Куманово.


