Остоја Мијаиловиќ пред два дена најави дека ќе следува целосна реконструкција на тимот на Партизан претстојното лето, а веднаш потоа менаџментот тргна во акција за остварување на плановите.
Медиумите во Србија тврдат дека пред потпис е првото засилување за „црно-белите“. Станува збор за српскиот интернационалец и досегашен член на Задар, Аријан Лакиќ кој е поранешен играч на Црвена Звезда. Има 24 поени, а во неодамна завршената сезона просечно постигнуваше по 9,6 поени, 3,9 скока и 3,4 асистенции во АБА лигата.
Со оглед на тоа што не е официјално потврдено, Лакиќ најверојатно ќе потпише на две години, а идејата е тој да помага во АБА лигата со цел да се одморат некои од главните играчи на Партизан.


