Контроверзниот српски центар Ратко Варда, кој во еден период од кариерата играше за Кожув и за македонската репрезентација, жестоко го нападна актуелниот капитен на Партизан, Кевин Пантер за неговите настапи оваа сезона.
Варда е производ на школата на Партизан и играше за овој клуб од 1995 до 2001 година, смета дека Американецот е главен виновник за катастрофалните резултати на „црно-белите“.

„Кевин капитен! Па, каде си, Кевин, цела година? Слободно ова ќе го нашишам, па нека се лути на мене кој сака. Најлош играч во историјата на Партизан (ако зборуваме за ефектот и тоа колку е платен“, нашиша Варда на својот Инстаграм.
Интересно е тоа што во финалната серија Пантер постигна ист број поени како капитенот на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ чија главна задача не е нападот, туку одбраната. Само на првиот натпревар имаше двоцифрен број поени (13), на вториот постигна 7, а на третиот само пет.


