Српскиот интернационалец Младен Грушановиќ е втор договорен кошаркар и прв странец во редовите на Гостивар за претстојната сезона.
Станува збор за крилен центар, висок 202 сантиметри кој меѓу гостиварци доаѓа од српскиот прволигаш Херцеговац каде минатата сезона одиграл 22 натпревара со просек од 13,7 поени. Своевремено бил голем талент на српската кошарка за што потврда е настапот на Европското младинско првенство во 2016 година. Има искуство и во АБА 2 лигата, каде играл како член на Ловќен во сезоната 2020/21.
Пред Грушановиќ, Гостивар ја продолжи соработката со Максим Митевски, а за нов тренер го назначи Љупчо Малинков.


