Македонската машка јуниорска репрезентација го освои 14. место на Европското првенство Б-дивизија во Хрватска откако на последниот меч на шампионатот загуби од Велика Британија сон 73-83.
Иако одиграа повеќе од добро прво полувреме, нашите млади кошаркари капитулираа во вториот дел кога повторно до израз дојдоа слабостите во тимот. Шансата ја пропуштија во моменти кога водеа со шест разлика, а Британците изгледаа како грогиран боксер.
До почетокот на последната четвртина сите опции беа во игра, македонската репрезентација се одржуваше во игра, а потоа следуваше серија од 9-0, односно 14-2 на Британците со кои го решија натпреварот во своја корист.
Дамјан Данев беше најефикасен во нашиот тим со 16 поени, Ѓорѓевиќ оствари дабл дабл со 14 поени, 10 скока и пет асистенции, а 14 поени постигна и Ѓиновски.


