Екипата на Партизан го оствари првиот гостински триумф во Евролигата оваа сезона откако вечерва славеше против Басконија со 91-79.
Со ова прекина една неверојатна црна серија бидејќи ја однесе победата од Витола првпат по пауза од 24 години, односно по 2001. Неколку пати беше блиску до триумф, но немаше среќа, се до вечерва кога се наредија сите коцки и победнички ја заврши мини-турнејата во Шпанија.
Одлучи последната четвртина иако Партизан и претходно го диктираше темпото и во повеќе наврати имаше и двоцифрена предност. На две и пол минути пред крајот беше 77-77, а потоа почна пеколниот финиш на белградскиот тим. Партизан го заврши натпреварот со серија од 14-2, а херој беше Двејн Вашингтон кој постигна осум од тие 14 поени, вклучувајќи тројка со истекот на времето за 85-79 на 46 секунди пред крајот.
Сега Партизан има биланс 3/2, како и уште девет екипи во моментов што е уште еден доказ за израмнетоста на Евролигата и оваа сезона.


