Најтрофејниот европски стручњак Жељко Обрадовиќ и идната сезона ќе го води Партизан, тврдат медиумите во Србија.
Договорот за продолжување на соработката е постигнат, а можно е информацијата да биде потврдена попладнево, на прес-конференцијата на клубот, закажана за 15 часот. Продолжувањето на соработката со Обрадовиќ беше главна цел на Партизан последниот период, а на такво нешто инсистираа и навивачите на „црно-белите“.
Деветкратниот освојувач на Евролигата се врати во Партизан во 2021 година, а неговото доаѓање го стабилизира клубот, пред се на финансиски план откако претходно долго време се наоѓаше во големи проблеми.


