Македонија одигра фантастичен натпревар во Виена и со убедливи 91-59 ја декласираше Австрија, но покрај одличната тимска игра, имаше и моменти кои дополнително го кренаа адреналинот.
Еден од нив несомнено е потегот на Стојан Ѓуроски, кој приреди вистинска кошаркарска мајсторија.
Македонскиот репрезентативец во една од акциите одлично ја прочита ситуацијата и со ефектна асистенција зад грб ја испрати топката кон Адем Мекиќ. Бекот ја прими топката во идеален момент и ја реализираше акцијата, а асистенцијата на Ѓуроски веднаш предизвика реакции од клупата и македонските навивачи на трибините.
Потег кој совршено ја отслика играта на Македонија во Виена – тимска, атрактивна и со многу самодоверба.


