Грчкиот шампион Олимпијакос уште еднаш покажа зошто е на врвот на Евролигата. На домашен терен го потопи Реал со 102-88 и на две кола пред крајот на сезоната е во одлична ситуација да ја освои пол-позицијата.
Прашањето за победникот беше решено кон крајот на втората и потоа во третата четвртина. Реал претходно имаше серија од 16-0 со која направи голем пресврт, но Олимпијакос потоа заигра одлично, ја врати контролата над резултатот и лесно стигна до триумфот. Конечниот резултат дури и не е реален одраз на силите бидејќи во последната четвртина, предност на Олимпијакос изнесуваше и 23 поени.
До израз дојде смртоносниот тандем Тајлер Дорси – Саша Везенков, кој практично сам го одлучи победникот. Заедно постигнаа 63 поени – Дорси го заврши натпреварот со 37 со пет асистенции, додека Везенков додаде 26 поени и девет скока и застана на чекор од дабл дабл. Реал го имаше одличниот Лајлс кој постигна 22 поена, но застана во второто полувреме.
Олимпијакос со ова официјално го обезбеди пласманот во плејофот, но во следните две кола ќе се бори за предност на домашен терен во четвртфиналето.
Блиску до пласман во плејинот е екипата на Црвена Звезда која вечерва успеа некако да го запре Париз и да го победи со 94-81. Сепак, резултатите на другите екипи не ѝ беа од корист на Звезда, па белградскиот тим остана на деветтото место, пред гостувањето кај најслабиот тим во Евролигата, Асвел.
РЕЗУЛТАТИ
Хапоел – Фенербахче 95-80
Жалгирис – Дубаи 65-77
Црвена Звезда – Париз 94-81
Олимпијакос – Реал 102-88
Барселона – Панатинаиос 79-93
Валенсија – Олимпија Милано 102-96
Виртус – Баерн 80-85
Басконија – Макаби 101-98


