Ситуацијата во Евролигата неочекувано се искомплицира откако германскиот прволигаш Алба одби да плати еден милион евра за идната сезона да игра во Евролигата.
Порано беше објавено дека Црвена Звезда, Партизан и Монако веќе ја уплатиле бараната сума, а Виртус и Валенсија уште чекаат, но сега е нејасно што ќе се случи ако Алба остане на својот став. Евролига уште не го објавила списокот на клубови кои идната сезона ќе учествуваат во елитното натпреварување и кој, евентуално, би го пополнил местото на германскиот тим. Се спомнува дека Будуќност е подготвена да влезе на местото на Алба, како и Бешикташ, а неизвесен е и настапот на Валенсија.
Од друга страна, потврдено е учеството на освојувачот на Еврокупот, Париз кој ќе дебитира во најсилното кошаркарско друштво во Европа.


