На нешто повеќе од три месеци пред почетокот на Олимписките игри во Париз, потврдени се 11 од 12 кошаркари кои ќе ги бранат боите на американската репрезентација и ќе се обидат да ја продолжат доминацијата на ова натпреварување.
Како што беше најавено уште минатото лето, по Светското првенство на Далечниот Исток, во комбинација се некои од најголемите американски кошаркарски ѕвезди пооради што САД секако се први фаворити за титулата. Репрезентацијата ќе ја предводи 39-годишниот Леброн Џејмс кој ќе се обиде да стигне до своето трето злато на Олимписките игри, а покрај него ќе бидат: Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Жоел Ембид, Девин Букер, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Џру Холидеј, Бам Адебајо и Ентони Дејвис. Останато е едно слободно место кое дополнително ќе биде пополнето.
Американската репрезентација се наоѓа во групата Ц на Олимписките игри, заедно со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификацискиот турнир во Порторико каде ќе учествуваат домаќинот, Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Литванија, Италија и Бахреин.