Она што синоќа беше најавено, официјално доби потврда откако Џокер ја напушти АБА 2 лигата, на половина од ова натпреварување.
Раководството на клубот ја информирало АБА дека не е во можност да го продолжи натпреварувањето и сите резултати на овој тим ќе му бидат избришани иако првата фаза ја заврши со биланс 5/1.
„Им се заблагодаруваме на сите клубови од АБА и АБА 2 на професионалната и коректна соработка. Поради вонредни околности кои го спречуваат КК Џокер да се натпреварува, принудени сме да го прекинеме настапот за оваа сезона. Џокер со официјално писмо ја извести АБА за својата одлука“, пишува во соопштението од КК Џокер.
Местото на Џокер во втората фаза од АБА 2 ќе го пополни тимот на Подгорица кој беше третопласиран.


