Од денеска до недела во Куманово се игра 34. завршен турнир од Купот на Македонија во кошарка.
По веќе воспоставениот систем со осум екипи, денеска ќе се играат четирите четврфинални дуели, утре на програмата се полуфиналните пресметки, а в недела е големото финале. Како и пред почетокот на секое домашно натпреварување последните години, основното прашање е – дали постои некои што може да го запре МЗТ Скопје.
Тимот од Аеродром не само што е доминантна сила во Македонија во последните 15 години, туку и ги освои сите трофеи од 2022 година наваму. Последниот што успеа да му се спротивстави и да го запре е ТФТ во финалето од Купот на Македонија пред четири години по што почна апсолутната доминација на „штрковите“.

Последен пат МЗТ Скопје не успеа да се пласира во финалето од Купот во 2019 година кога триумфираше Работнички со триумфот против Блокотехна во финалето. И оваа сезона е апсолутен фаворит и покрај тоа што во првенството се наоѓа на второто место, пред се како последица на административна грешка поради која службено загуби два бода.
Прва пречка на МЗТ ќе биде Работнички кој одамна не е она што беше до пред две децении и ќе биде сензација ако денеска го совлада својот градски ривал. Победникот од тој меч во полуфиналето ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Кожув и Маџари, но многу поинтересно се очекува да биде во другата страна од ждрепката. Таму е најинтересното четвртфинале, меѓу Пелистер и МКК Куманово, како и лидерот на табелата во моментов ТФТ кој се среќава со Феникс.
КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ – БУШТУР“ 2026 – КУМАНОВО
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА
12.00: ТФТ – Феникс 2010 (1)
14.30: МЗТ Скопје Аеродром – Работнички (2)
17.00: Кожув – Маџари (3)
19.30: Пелистер – МКК Куманово (4)
САБОТА
ПОЛУФИНАЛЕ
17.00: Победник 1 – Победник 4
19.30: Победник 2 – Победник 3
НЕДЕЛА
19.00: Финале


